0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Марко не е загрижен за прекумерното трошење на Ред Бул

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Доктор Хелмут Марко не смета дека во Ред Бул треба да бидат загрижено од обемното трошење за развој сезонава кое може да донесе евентуално прекршување на буџетското ограничување.

Матиа Биното, шефот на Ферари, п овториот последователен пораз во Мајами призна дека силниот напредок на тимот од Милтон Кинс може да им донесе проблеми со финансиите.

ако постои загриженост, таа е нивниот развој под ограничен буџет и тоа секако подоцна ќе биде проблем за нив – посочи швајцарскиот инженер.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Скудерија заостанува во развојот оваа сезона иако во Барселона ќе донесат новини со кои ќе ја намаат тежината на болидот, ќе имаат нов под и странични делови.

очигледно е дека ред бул има предност во однос на развојот и новите делови кои константно ги носат. ферари немаат новини сеуште и тоа е нивната најголема слабост во моментов, тоа што имаат поголем отпор.

исто така помалку го користат земјениот ефект и болидот аеродинамички страда што се гледа по потскокнувањето и тоа ги уништува гумите, како што видовме во мајами. ќе видиме како ќе се покажат новините во барселона – анализира џанкарло минари, поранешниот шеф на формула 1 тим.

Тој посочи дека проблем за Ред Бул е агресивниот развој и новни кои константно ги носат, а се чини дека и таа нивна агресивност им носи проблеми со идржливоста, додека Скудерија нема проблеми со болидот освен сударите.

ќе имаме нови делови во шпанија и ќе стигнеме до оптималното ниво на тежина конечно. до сега бевме доста над минимумот од 798 килограми – најави доктор марко.

ние и ферари сме еднакви во моментов и поради тоа очекуваме голема борба, а имаме целосна верба во фиа дека ќе осигура фер борба.

разликата ќе биде кој ќе вади максимум од својот пакет на повеќе патеки.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Ферари бара решение за бавните кривини

Од Ферари открија дека бараат одговори зошто брзината на минување низ бавните кривни кој беше нивна предност...