- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Марко открива: Себ не ја сака политиката во Ферари

Според изјавите на доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, неговиот поранешен возач, Себастијан Фетел, ја загубил вербата во Ферари поради политиката која владее во Маранело. 32-годишниот германец ќе замине од тимот на крајот на оваа сезона.

никогаш не можете и не смеете да го отпишете фетел. имам чувство дека тој нема да има доволно добар болид на располагање за да се бори за титула годинава, но се надевам дека грешам. за доброто на возбудлива сезона одлично е повеќе од две екипи да се тркаат за насловот – објасни марко за Sport1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Искусниот австриец нЕ бил многу изненаден кога Ферари и Себ објавиле дека ќе ја прекинат својата соработка по крајот на оваа сезона.

не бев изненаде, го очекував тоа со месеци затоа што мислам дека тој некако загуби верба во тимот.

Ферари веќе се решија својата иднина да ја насочат кон надежниот Шарл Леклер, така што веројатно дека Себ ќе биде поддршка за младиот возач годинава. Запрашан дали гермаенцот заминал поради тоа, Марко одговори:

да, но не поради тоа што леклер е некој голем талент. има многу политика околу леклер и фетел, а на себ тоа не му се допаѓа. тој само сака да стапне на гас, да вози и победува трки, а не да троши енергија на непотребни работи.

се надевам дека ферари ќе му даде можност да покаже што знае во својата последна сезона во тимот.

За Хелмут, заминување на Себ од Формула 1 би било огромна загуба за спортот поради тоа што тој сеуште е најмлад светски првак во историјата.

ние сакаме да го срушиме тој рекорд со макс верстапен, така што заминување на фетел би било огромна загуба.

гласините дека може да вози крај хамилтон во мерцедес следната година создадоа земјотрес во медиумите, а тоа е доволно. но, загрижен сум дека тото волф нема да се сложи на тоа, а така себастијан треба да паузира една сезона и потоа да ги разгледа опциите за 2022 година. сметам дека е доволно млад и за таква алтернатива.

Во врска со можноста за враќање во Ред Бул во 2022 година, Марко изјави:

имаме договори со верстапен и со албон и во моментов ситуацијата е таква. сепак, се е подложно на промени и ќе знаеме повеќе кон крајот на сезоната.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хамилтон на два казнени поени од забрана за трка

Луис Хамилтон е на само еден инцидент од забрана за трка во Формула 1 откако поради пробите за старт на погрешно место во пресрет...

РЕЗУЛТАТИ

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...