Марко откри дека нашле “против отров“ за Мерцедес

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Ред Бул заостанаа зад Мерцедес во Русија и Турција, така што напорно работеле по последната трка да најдат решение, а доктор Хелмут Марко откри дека тоа им се исплатело затоа што пронашле “против отров“ за силниоте “сребрени стрели“.

Валтери Ботас доминираше на последната трка во Турција, тргна од пол позиција и никој не дојде ни блиску до него во трка, така што доктор Марко беше загрижен за перформансите на неговат екипа и побара деноноќно да се работи.

имавме многу интензивни состаноци и анализи од последната трка која се возеше во турција. теоретски најдобме “против отров“ за нивната брзина, но да почекаме и да видиме дали решението ќе работи во пракса – изјави австриецот марко за Kronen Zeitung.

Освен тоа, Хелмут посочи дека Ред Бул не ги анализираат Мерцедес туку се фокусирани на себе со цел да добијат се што е потребно во борбата за освојување на титулата сезонава.

ни требаат уште две победи и уште четири подиуми, тоа е формулта за освојување на шампионската титула.

Турското Гранд При ја потенцираше важната улога на вториот возач на тимот затоа што токму Серхио Перез беше возачот кој спречи напредок низ гридот на Луис Хамилтон кој стартуваше од 11то место поради промена на мотор. Ред Бул се задоволни од перформансите на мексиканецот во Турција, но да не заборавиме дека уште поимпресивен на трката беше Валтери Ботас.

на серхио му оди одлично, но за жал и валтери ботас е во врвна форма.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема