Марко: Правилата многупати не забавуваа

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Доктор Хелмут Марко не ги жали Мерцедес кои тврдат дека правилата се менуваат за да ги забават нив, бидејќи истото своевремено му се случувало и на Ред Бул. 

Ред Бул доминираа во Формула 1 од 2010 до 2013 година со освојување на четири титули. Во 2010 и 2011 година тие имаа дифузер кој беше помогнат од издувот и поради тоа се направи промена на локацијата на издувот. 

Во тоа време забраните се носеа многу побрзо и се правеше Се само да се намали доминацијата на Ред Бул – се присетува доктор марко.

Сега Мерцедес се жали поради тоа. Минатата година беа забранети модовите кај моторите што малку влијаеше на резултатите на Мерцедес, а подоцна се забрани и иновативниот ДАС. Иако Мерцедес освои седум двојни титули, сепак последното правило можно е да им направи проблем, а тоа е промената на подот. 

Минатата година Формула 1 претстави ново правило со кое се менува задниот дел на подот за да се намали потисната сила. Таа промена се покажа како голема кај болидите со мала накосеност и е проблем за Мерцедес и Астон Мартин. Но, Марко не сочувствува со Мерцедес. 

Кога освоивме четири титули, правилата се менуваа речиси секој ден. Ние сметавме дека ги менуваат за да не успорат, Но сега има причина зошто тие сакаат да ја намалат брзината.

Причина е Пирели кои не сакаат висок притисок врз гумите. Пред Мерцедес да го загуби водството нивниот концепт беше најдобар, сега одеднаш е нашиот, мора да се адаптирате на промените. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема