0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Маса и Глок како тандем на трка во Интерлагос

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фелипе Маса ќе ги здружи силите со Тимо Глок, кој ненамерно му ја одзеде титулата светски првак во Формула 1 на последната трка во 2008 година, на трката во двојки на Brazilian Stock Car Pro Series следниот викенд на Интерлагос.

Маса се сметаше дека ја освои титулата во Формула 1 на домашен терен токму во Интерлагос со Ферари во 2008 година и се чинеше дека ја обезбеди круната кога ја мина целта. Но, во драматичен пресврт на настаните во последен момент, шампионскиот ривал на Маса, Луис Хамилтон, успеа да му го одземе 5то место на Глок пред последниот свиок, при што возачот на Тојота се мачеше со своите мазни гуми на влажната патека.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Таборот на Ферари и Маса првично избувна во радост само за еуфоријата да се префрли во гаражата на Мекларен благодарение на дополнителниот поен одземен од Хамилтон кој му ја осигура првата титула во Формула 1.

Минатиот Ноември во Бразил, тринаесет години по таа драматична недела, Маса и Глок беа повторно обединети во сегментот за Sky Sports F1 во кој поранешниот возач на Ферари рече дека никогаш немал лоши чувства против германецот поради клучната улога што ја одиграл во трката на тој кобен ден.

Никогаш немав ништо против Тимо, никогаш не мислев дека намерно ќе направи нешто против мене. Секој што се разбира во мотоспортот знае дека нема што да прави во тие услови – изјави тогаш маса.

Глок сепак призна дека исходот довел до низа закани и навреди од навивачите на Маса.

Сè уште има луѓе таму кои мислат дека го направив тоа намерно – рече германскиот возач.

Маса откри дека негова идеја била да го повика Глок да се здружи со него на отворањето на сезоната на Brazilian Stock Car Pro Series следниот викенд во Интерлагос.

Оваа идеја ја имав на крајот на минатата година, откако се сретнавме на Гранд При трката во Бразил. Го споделив со моите спонзори, кои набрзо се согласија.

Покрај тоа што значи да се формира тим со Тимо во целиот контекст на мотоспортот, јасно е дека бараме и позитивен резултат.

Самиот Глок беше повеќе од среќен што ја прифати понудата на својот бразилски пријател.

Многу сум среќен што можам да одам во Сао Паоло и да му бидам партнер на Фелипе во Stock Car. Ќе биде возбудливо и многу посебен викенд за мене.

Го следам шампионатот Stock Car. Можете да видите дека е тежок автомобил за возење, но Фелипе веќе ми испрати неколку слики од камерата за да можам да го разберам автомобилот.

Ќе биде многу забавно, бидејќи првенството има големи имиња и многу брзи возачи. Се надевам дека и јас ќе можам да возам брзо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Алонсо: Верстапен е чекор пред сите годинава

Фернандо Алонсо смета дека конкурентите за овогодишната титула возат неверојатно добро, но дополни и дека Макс Верстапен...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Маса: Леклер мора да си ги чува фрустрациите за себе

Поранешниот возач на Ферари, Фелипе МАса, ги разбира скорешните фрустрации на Шарл Леклер од тимските грешки, но...

Маса е импресиониран од променетиот Верстапен

Поранешниот бразилски Формула 1 возач, Фелипе Маса. верува дека Макс Верстапен еволуирал оваа сезона откако ја освои...

Маса се сомнева во трансферот на Алонсо во Астон

Фелипе Маса смета дека Астон Мартин ќе има огромна корист од неговиот поранешен колега, Фернандо Алонсо, но...