Мекларен ветуваат возбудливи шари заедно со БАТ

Мекларен открија дека шарата на нивниот следен болид ќе биде посебна како резултат на продолжување и засилување на соработката и партенрството со Бритиш Американ Тобако (БАТ),

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Екипата од Вокинг ја почна соработата со “цигарџиите“ на почетокот на оваа година со цел да се промовираат електронските алтернативи на цигарите како дел од асортиманот на БАТ.

Партнерството е успешно за двете страни, Мекларен се 4ти во поредокот, а БАТ добиваат одлична промоција, така што пред трката во Абу Даби решија да го продолжат договорот и во соработката да го вклучт и Индикар проекто на компанијта.

Компанијата ќе стане многу поголем спонзор на тимот со поголемо присуство на брендот на шасијата, а имињата на производите ќе бидат напишани на страничните крила, внатрешинот дел од халото како и предното крило.

Во врска со промената на шарите на болидот, Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, најави дека промените ќе бидат очигледни.

шарите на нашата шасија, кои нема да ги откриеме се до претставување на болидот во февруари ќе изгледаат навистина посебно. сигурен сум дека болидот ќе им се допадне на сите, слично на она што бат го користи секаде каде што е спонзор, но не сакам да откривам ништо повеќе и да го расипувам впечатокот. сепак, изгледа впечатливо и ќе бидеме лесно забележливи на патеката – откри браун.

Сепак, Зек потенцираше дека и покран впечатливиот дизајн, на болидот ќе доминира нивната препознатлива папаја портокалова боја.

бат ќе биде наш најголем парнер, но секогаш ќе останеме на нашата папаја портокалова затоа што на тој начин ја славиме историјата на мекларен.

И покрај тоа што “цигарџиите“ стануваат најголеми партнери во Вокинг, тие немаат намера да одат на следното ниво и да станат спонзори во името на тимот.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...