Мекларен го засилува својот бренд и бројот на фанови

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мекларен Рејсинг го засили своето комерцијално лидерство со две клучни лица насочени кон подобрување на нивната комерцијална понуда и растот на брендот и бројот на фановите во иднина.

Поранешната директорка за маркетинг на Вирџин Атлантик, Клер Кронин, ќе му се придружи на Мекларен како Извршен директор за маркетинг, додека Линдзи Екхаус, моментално комерцијален директор на G2 еспорт, ќе стане директор на тимот за лиценцирање, е-трговија и еспорт.

Клер и Линдзи ќе ги заземат своите позиции во Мекларен во Април и ќе репортираат до Марк Волер, главен трговски директор на Мекларен.

Сепак, Волер ќе се откаже од своите одговорности на крајот од неговиот мандат, со тоа што Клер Кронин тогаш ја презеде улогата на главен трговски директор и ќе репортира директно кај Зек Браун, извршниот директор на Мекларен Рејсинг.

Возбудени сме што ги поздравуваме овие моќни додатоци како Клер и Линдзи во нашиот тим за маркетинг и комерцијално лидерство.

Како што продолжуваме да го растеме Мекларен Рејсинг, овие назначувања го одразуваат позитивниот момент што го градиме и на патеката и надвор од неа.

Марк беше клучен во управувањето со маркетинг и трговската агенда на Мекларен Рејсинг и јас сум му благодарен за неговото лидерство.

Дополнително, задоволен сум што можеме да ја испланираме и да извршиме непречена транзиција на одговорностите што ќе гарантира дека ќе продолжиме да го надградуваме позитивниот момент што Марк го создаде од влегувањето во тимот на почетокот на 2019 година – изјави Зек Браун.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема