0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле превземање на Мерцедес Формула Е екипата.

Веќе некое време екипата од Вокинг размислува да влезе во таа асерија, а Зек Браун уште во Февруари најави дека конечна одлука ќе донесе доста скоро. Сега, тие потврдија го купуваат тимот на Мерцедес така што следната сезона ќе возат во серијата со Ген3 болидите.

мекларен рејсинг секогаш бара начин да се трка против најдобрите во серии со врвна технологија и да им даде на фановите, партнерите и луѓето нови начини на возбуда, забава и инспирација. формула е, како и другите тркачки серии каде сме присутни, ги исполнува тие критериуми.

како и со сите форми на спорт во кои учествуваме, формула е ќе остане стратешни, комерцијално и технолошки поврзано со мекларен рејсинг. ќе обезбедиме дом за водечкиот формула е тим кој го создаде мерцедес кој ќе стане полноправен член од нашето тркачко семејство.

одделно ги водиме нашите формула 1 и индикар програми, формула е ќе биде само додаток и ќе се случува крај екстрим е програмата која исто така е електрична.

цврсто верувам дека формула е ќе му даде на мекларен рејсинг компаративна предност преку разбирање на тркањето со електрични болиди, ќе донесе разлика за нашите фанови, партнери и луѓе и ќе продолжи да не движи на патот кон огржливоста – посочи зек браун, главниот извршен директор на мекларен рејсинг.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Иан Џејмс, актуелниот тимски шеф на Мерцедес во Формула Е, ќе остане да ја врши таа улога и по превземањето.

денешната објава го потврдува следного поглавје во развојот на тркачката екипа. од почетокот во 2019 година, перформансите, одржливоста и адаптибилноста се клучни за нашиот успех. мерцедес беа главните кои застанаа зад тимот во патешествието и можевме само да се надеваме дека ќе постигнеме резултати до какви што дојдовме.

јасната цел и технолошко искуство на компанијата само го забрза остварувањето на нашата амбиција и сакам да им се заблагодарам што не поддржуваа и ни помагаа да го правиме тоа што најмногу го знаеме, да се тркаме. повторно беа клучни во обезбедување на следниот партнер во формула е патешествието.

да се стане дел од семејството мекларен е привилегија затоа што тие одсекогаш биле синоним за успех во тркање со врвни перформанси. ова е одличен момент за сите вклучени страни и за луѓето од тимот кои се сржта и да се продолжи да се работи со нив е одлично.

навистина сум нетрпелив за следното поглавје на тимот кој ќе биде горд член во 9та сезона од формула е. до тогаш остануваме фокусирани за испорачување на максимални резултати за мерцедес тековнава сезона – изјави џејмс.

Мерцедес се актуелни прваци во електричната тркачка серија кај конструкторите во сезона во која нивниот возач Ник де Вриес стана првак кај возачите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Ни треба максимум од Баку

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим мора да ја максимизира секоја можност на Големата...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Поради доминацијата на Луис, Валтери сакал да се откаже

Валтери Ботас откри дека поради неможноста да го победи Луис Хамилтон во Мерцедес, имал психолошки проблеми, желбата...

Норис се надева на силна трка по викендот за заборав

Возачот на Мекларен, младиот Ландо Норис, очекува тимот да има далеку посилен викенд во Британија следната недела,...