- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мекларен има итна потреба од свежи пари

Мекларен Груп превземале законски мерки со цел да обезбедат свежи пари во најкус рок за да на тој начин спречат продажба на дел од Формула 1 екипата, пренесува британски ВВС.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мекларен има финансиски проблеми поради фактот што продажбата на нивните спортски, патнички автомобили е силно намалена поради пандемијата, додека приходите од Формула 1 исто така недостасуваат поради тоа што не се случуваат трки. Групацијата има намера да ја заложи својата историска колекција автомобили и болиди како и фабриката во Вокинг со што би обезбедиле околу 275 милиони фунти капитал.

Но, постоечките инвеститори го блокираа ваквиот план тврдејќи дека со издавањето на обврзницата од 600 милиони фунти во 2017 година, веќе се искористени истите средства како обезбедување, така што нов долг на тој начин не е изводлив. Акционерите на почетокот на годината вбризгаа 291 милион фунти поради проблемите кои се појавија од пандемијата, но тие пари се веќе потрошени и имаат потреба од нови.

Мекларен поднесе случај пред Врховниот суд за да добие потврда дека може да ги користи истите средства како колатерал за нов заем и прибирање на свеж капита, а сослушувањето се очекува неделава.

Од Групацијата велат дека имаат голема дупка во ликвидноста која итно треба да се пополни за да не настанат поголеми проблеми во работењето на компаниите.

Компанијата за производство на автомобили го заврши првиот квартал со загуба од 133 милиони фунти, а се очекува загубата драстично да порасне.

обемот и влијанието на пандемијата брзо стана видливо за врвниот менаџмент на мекларен груп, а пандемијата имаше огромен уништувачки ефекти врз финансиските перформанси на групацијата.

почетокот на формула 1 сезоната е одложен, продавачите на автомобили се времено затворени, добавувачите не работат, а производството е стопирано. нарачките од муштериите ги нема, спонзорските приходи се намалени или исчезнаци, а дополнителни трошоци за безбедносни и здравствени мерки константно се прават – велат од вокинг.

Како последна сламка за спас е делумна продажба на Формула 1 тимот откако минатиот месец беше објавено дека ќе се отпуштат 1.200 вработени од кои 70 ќе бидат од тркчката екипа. Во месец Мај, Британската Влада одби барање за заем од 150 милиони фунти од буџетот до компанијата.

Акционери на Мекларен се државниот фонд на Бахреин, Мумталакат, сопственост на кралското семејство, Саудискиот милијардер Мансур Оџех и Канадскиот бизнисмен Мајкл Латифи. Сите тие одбиле дополнително да инвестираат во бизнисот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Марко изненаден од се посилниот Мерцедес

Доктор Хелмут МАрко смета дека Ред Бул Хонда заостануваат поради неочекувано големиот напредок на Мерцедес со нивниот мотор сезонава. “Биковите“ се надеваа дека Макс Верстапен...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...