Мекларен разислуваат да ја заложат историската колекција

Мекларен перидов бараат начин како да соберат 275 милиони фунти кои се потребни во групацијата за да се преброди Ковид-19 пандемијата, а последен предлог е да се заложи Центраата во Вокинг како и дел од колекцијата на историски Формула 1 болиди.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ваков потег претходно направи и Вилијамс, залог со кој си обезбедија заем од Мајкл Латифи, кој е акционер со значителен удел и во Мекларен. Во Вилијамс, ЛАтифи под залод иа над 100 болиди од Формула 1 колекцијата на Вилијамс.

Sky News пренесува дека стратегијата која Мекларен сака да ја примени е како совет од консултантите од JP Morgan откако првичното барање за заем од 150 милиони фунти од Владата на Велика Британија им беше одбиено.

Иако многу Мекларен болиди се продадени, тимот сепак има огромна колекција од историски болиди со кои се освојувани титули и рушени рекорди од кои оние воени од Аиртон Сена се дефинитивно највредни. Во Мај 2018 година болидот со кој бразилецот победи во Монако во 1993 година беше понуден на аукција и продаден за 3,7 милиони фунти, а британски Sky тврди дека колекцијата на Мекларен вреди 250 милиони фунти, а нивната централа дополнителни 200 милиони фунти.

Мекларен не даваат официјални информации и детали околу своите панови за прибирање на средства.

Дел од најдобрите болиди од колекцијата беа дел од претходен залог во 2017 година кога Мекларен го купуваше уделот од Рон Денис кој замина од тимот. Тринаесет најскапи болиди кои се врвот на колекцијата беа обезбедување за одложено плаќање на 37,5 милиони фунти кои Денис требаше да ги добие како дел за отстапување на својот удел во компанијата. Плаќањето се одвиваше согласно распоредот, залогот не беше активиран и болидите останаа во сопственост на Мекларен.

Најстар болид од залогот во корист на Денис беше МП4-1 кој беше прв болид од карбон-фибер кој се возеше во 1981 кога кога Проект 4 тимот на Рон се спои со Мекларен. Болидот кој освои титула со Лауда од 1984 годиа, со Прост 1989 година, со Сена во 1990 и 1991 година како и оние кои Мика Хакинен во 1998 и 1999 година ги возеше се дел од колекцијата, а секако и победничкиот Мекларен на Хамилтон од 2008 година.

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...