- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мекларен Рејсинг прокнижиле загуба од 71 милион фунти

Мекларен Рејсинг пријавија загуба од 71.4 милиони фунти за 2019 година што е за 13 милион фунти помалку од претходната година. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимот забележа зголемување на приходите поради повеќето спонзорства и поголемата награда. Дополнителни 6.7 милиони фунти се од продавање на легендарните болиди што е помалку од 10 милиони фунти колку што инкасираа година претходно. Тие сеуште имаат 159 болиди во нивната колекција со вредност од 60.9 милиони фунти. 

Мекларен Рејсинг имаат финансиски проблеми и продадоа дел од нивниот бизнис на МСП Спортс капитал и собраа 150 милиони фунти. Помал дел од 7% беше продаден на УБС О’Конор ЛЛЦ и Каспиан за 35 милиони фунти. Двете продажби им донесоа доволно средства за да си ја осигураат иднината. 

Тимот продолжува претпазиво во новата сезона која ќе биде тешка поради пандемијата иако минатата сезона завршија на третата позиција. Мекларен се здружуваат со Мерцедес како нов доставувач на мотор од оваа сезона. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно