- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мерцедес најавуваат отпуштања

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, потврди дека иако екипата бара решение за задржување на сите вработени, речиси сигурно е дека отпуштања од работа мора да има, а виновник е буџетското ограничување согласно кое максималното трошење од следната година треба да биде ограничено на 145 милиони долари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Износот на ограничување ќе биде дополнително намалуван следните години, а логично е да се очекува топ 3 екипите да бидат најсилно погодени од за нив драстичното кратење на трошоците.

This is Money извештајот покажува дека Мерцедес потрошиле 321,5 милиони долари во 2018 година на Формула 1, што е еднакво со околу 400 милиони долари, речиси три пати повеќе од ограничувањето.

ограничувањето на трошењето значи дека ќе има отпуштања иако ние даваме се од себе со интересни можности за луѓето кои ќе станат прекубројни во тркачката екипа. сеуште сме во фаза на носење одлуки, но реструктуирањето мора да биде завршено до јуни следната година кога луѓето не треба веќе да се наоѓаат на нашиот платен список – најави волф.

Неодамна лично Тото купи удел во Бртианскиот производител на спортски автомобили Астон Мартин, по што засилено почнаа шпекулациите дека ќе стане дел од таа екипа која од следната година ќе биде фабричка. Личната инвестиција на Волф дојде откако неговиот пријател, Лоренс Строл, купи голем удел и го превзема Астон Мартин.

Во врска со таа своја деловна авантура, австриецот вели дека инвестира во потценет бренд како Астон Мартин и нема намера да стане дел од некакви раководни структури во компанијата или соодветниот фабрички тим, иако неговиот договор со Мерцедес истекува на крајот од оваа сезона.

нема бидам директор или член на бордот таму. во компанијата сум само како инвеститор кој верува во проектот и во брендот. сметам дека астон мартин е потценет и покрај високиот долг и слабата продажба на автомобили, мое гледиште е дека нивниот сув модел ќе промени се.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Оштетеното предно крило на Макс направило проблем

Ред Бул открија дека откачениот страничен дел од предното крило на болидот на Макс Верстапен за време на трката на Ред Бул Ринг се...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...