0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Мерцедес немале алат да ги решат проблемите на В13

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мерцедес признаа дека немале алати при барањето одговори на проблемите со кои се соочиле со својот В13 болид од почетокот на сезоната.

Тимот од Бракли сеутше е во потера по својата прва Гранд При победа годинава откако заостанаа драстично зад Ред Бул и Ферари годинава. Радикалниот дизајн на нивниот пакет се покажа недоволно добар за новите правила базирани на земјен ефект така што перформансите недостасуваат, а потскокнувањето беше големо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Од тимот откриваат дека конечно дознале што ги предизвикува проблемите на нивниот пакет со надеж дека следната година ќе се вратат на чело на поредокот. Тото Волф призна дека се загубиле на почетокот на сезоната затоа што сфатиле дека податоците кои доаѓаат од фабриката не им помагале да го поправат дизајнот.

немавме алати, грешевме со симулациите во обид да ги разбереме проблемите кои ги имавме во однос на болидот кој беше во тек на развој. не можевме да го возиме онаму каде што сакавме аеродинамички и механички никогаш не беше оптимално подесен. ни требаа месеци да поправиме некои чекори кои ги грешевме.

верувам дека откривме нешто клучно буквално последните некоклу месеци во однос на прецизноста и гравитацијата и сето тоа ќе биде клучно за следната сезона – посочи волф.

Иако тимот сеуште не успева да ги извади сите перформанси од својот пакет и годинава прв пат по 2013 е без победа, сепак веруваат дека ќе напреднат многу во остатокот од сезоната.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Хорнер незадоволен удри по клеветите од Мерцедес и Ферари

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, одговори на тврдењата од ривалите по шпекулациите дека “биковите“ го...

Волф ја објасни причината за испаѓањето на Расел

Џорџ Расел ги изненади сите со испаѓањето во вториот квалификациски дел во Сингапур поради проблем со педалот...