Мерцедес потрошиле 325 милиони фунти за титулата лани

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 тимот на Мерцедес лани потрошил точно 324,9 милиони фунри за да ја освојат двојната шампионска титула, согласно објвените финансиски извештаи на компанијата.

Потрошените пари се ситно намалување во однос на 333,2 милиони фунти кои се потрошени за насловот година претходно, а намалениот износ се должи на помалку трки, но и насоката за штедење. Иако потрошеното опфаќа и многу ставки кои не се опфатени со новото буџетско ограничување, сепак, јасно е видливо колку екипите мора да штедат за да потрошат “само“ 145 милиони долати годинава.

Шампионската екипа многу добро изменаџирала во година на пандемија со само малку намалени приходи од 363,6 милиони фунти во 2019 година на 355,5 милиони фунти година подоцна. Тоа покажува дека и покрај помалите приходи кои тимовите ги имаа од спортот, “сребрените“ успејаа се да надоместат со спонзорски договори. На крајот на годината екипата имаше добивка од 13,6 милиони фунти, намалена во однос на 14,7 милиони фунти претходната година.

Овие бројки се однесуваат само на тимот од Бракли, без да се вклучат и трошоците и приходите на фабриката за мотори во Бриксворт, а вклучуваат 13 милиони фунти кои Мерцедес ги плаќа за моторите, исто како и сите останати екипи кои го користат тој мотор.

И покрај тоа што годинава се работи со ограничени буџети, бројот на вработени се золемува константно и тоа 968 биле во 2018 година, 2.016 во 2019 година, а 1.063 во 2020 година.

Финнсискиот извештај исто така посочува дека вредноса на брендот Мерцедес е зголемена од 31,9 милијарди долари во 2013 година на 49,3 милијарди долари лани, а Формула 1 имала голем придонес во тој раст.

Во 2020 година, тимот имал 19,2% од телевизиските преноси што е намалување во однос на 23,6% уделот кој го добивале година претходно, нешто што чини 5,9 милијарди долари како платена реклама.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема