- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мерцедес стигнале до двојна титула со 333 милиони фунти

Мерцедес Ф1 минатата година потрошиле преку 333 милиони фунти за да ја освојат двојната титула. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Бројките се индикација за тоа колку ќе бидат намалени буџетите од наредната година по воведувањето на лимитот. Наредната година буџетот ќе изнесува 145 милиони долари или 108 милиони фунти. Иако има многу исклучоци од буџетот како платите на менаџментот и возачите сепак ова е големо намалување. 

Тимот имал и најмногу приходи минатата година. Откако во 2017 година имал 337,2 милиона фунти и 338,4 милиони фунти во 2018, минатата година приходите изнесувале 363,6 милиона фунти. 

Надворешните приходи биле толку големи што на тимот му се платени 30 милиони фунти во маркетинг цели откако парите за моторот се вратени во тимот. 

За паралела, покрај приходите се зголемуваат и трошоците и тоа од 309,7 милиони во 2017, 311,4 милиони во 2018 и 333,2 милиони фунти минатата година. Профитите пораснале од 12,7 милиони во 2018 на 14,7 милиони фунти во 2019 година. 

Зголемувањето на приходите и трошоците е поврзано со основањето на Mercedes-Benz Applied Science во 2019 година. Главниот клиент на Mercedes-Benz Applied Science е соработката со ИНЕОС. 

Проектот ИНЕОС продолжува да расте и со тоа се зголемуваат инжинерските ресурси за новите технички правила пред да стапи на сила лимитираниот буџет. 

Вработените во тимот од 912 во 2017 се зголемуваат на 1016 во 2019 со додадени 35 луѓе во делот за дизајн, производство и инжинеринг. Трошоците за персоналот биле 95.3 милиони фунти. 

Тото Волф изјави дека присуството на тимот на телевизиските екрани било 23.6%, а маркетинг вредноста на брендот е 5,4 милијарди долари со што Мердедес е осми најведен бренд во светот. Волф најави дека тимот се стреми да освои седма двојна титула пред да се воведат новите финансиски правила. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Фетел сака повеќе свиоци под агол

Себастијан Фетел смета дека на повеќе патеки во Формула 1 им се потребни свиоци под агол, бидејќи тоа го прави возењето и...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...