Мерцедес “ќарија“ спонзор на Ферари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По крајот на минатата сезона, Ферари се разделија од свој голем спонзор, Snapdragon, но од почетокот на годинава, компанијата мајка на Snapdragon, технолошкиот гигант Qualcomm, е видлив на болидите на Мерцедес.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се работи за лидер во производство на чипови за модерната 5Г технологија за мобилни телефони, а Самсунг е еден од нивните најголеми клиенти.

Qualcomm и Мерцедес почнаа соработка уште во Септември лани кога компанијата даваше напредни дигитални можности на патничките автомобили од брендот.

Логото на Snapdragon’s беше видливо на штитниците на тркалата и на задното крило на промоцијата на В14 пакетот неделава, откако претходно го снема од црвеното Ферари. RacingNews365.com пренесува дека загубата на спознорскот договор ја чини Скудерија 25 милиони долари помалку годишно, како и техничка поддршка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Дополнително, италијанците го прекинаа договорот и блокчеин брендот Велас кој наводно плаќал по 30 милиони долари, така што само по овие два основи во Маранело има кусок од 55 млиони долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ