Мик Шумахер би можел да дојде во Ф1 на средина на сезоната

Мик Шумахер може да влезе во Формула 1 на средина на сезоната, потег кој е очекуван од многумина бидејќи е син на големиот Михаел Шумахер. Тој оваа година треба да ја започне втората сезона во Формула 2 тркачката серија откако лани не воодушеви иако победи на Хунгароринг.

Добро е што семејството Шумахер знае што прави и не избрзува со Формула 1 – изјави Ник Хаидфелд. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поранешниот возач на БМВ и Вилијамс смета дека 2020 година е прерано за унапредување на Шумахер иако тој е дел од Ферари академијата.  Некои веруваат дека италијанците засилено го подготвуваат младиот германец да вози за Алфа Ромео. 

Кими Раиконен може наскоро да ја заврши кариерата додека антонио Џовинаци не е доволно силен и Шумахер може да ја добие својата шанса.

Не би ме изненадило да го видам него во болид на Формула 1. Тој е одличен во Формула 2 и мислам дека Џовинаци веќе има големи проблеми од минатата година и не би ме изненадило доколку го видиме во спортот на средина на сезоната – вели хаидфелд.

НАЈНОВО

🎥 Норис не се обидел да ги измами тестовите со шише ладна вода

Од Мекларен истакнаа дека видеото на кое се гледа Ландо Норис и неговиот тренер како користат шишиња со ладна вода за да...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...