- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мик Шумахер ќе го вози Ферарито на татко му во Муџело

Мик Шумахер ќе го вози Ферарито од 2004 година со кое татко му освои шампионска титула како дел од Фестивалот кој ќе биде организиран од страна на Скудерија Ферари како дел од прославата за нивната 1000та Гранд При трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Трката број 9 од овогодинешниот “корона календар“ не носи на Муџело, патеката во сопственост на Ферари каде италиајнците ќе добијат можност да ја прослават својата 1000та трка во Формула 1. Во чест на јубилејот, болидот и целокупните униформи на тимот ќе бидат со посебна шара.

Пред трката во Недела, 21-годишниот Шумахер кој е член на Академијата на Ферари ќе има демонстрација со Ф2004, болид со кој татко му ја освои рекордната 7ма шампионска титула, а Скудерија го опишува болидот како најуспешен во историјата.

Ова нема да биде прво возење на Мик на историски болиди на татко му затоа што истото го направи и лани на Хокенхајм пред Германското Гранд При.

Медиумите деновиве шпекулираа дека млдиот Шумахер може да се појави и да одработи петочен тренинг за Ферари, Хаас или Алфа Ромео, иако сесијата завршува само 25 минути пред почетокот на Формула 2 трката, каде тој се бори за титула. Но, сеуште нема потврда за такво нетшо.

Германецот веќе има возено за Ферари и Алфа Ромео на тест во Бахреин во Април лани, а е поврзан со место во некој муштериски тим на Скудерија за следната година. На последниот Формула 2 тркачки викенд победи на првата трка во Монца, а завршува на подиум во секоја од последните пет трки по што е шест поени зад лидерот Калум Илот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Кубица го предупреди Фетел: Нема да биде лесно во Астон Мартин

Полскиот возач Роберт Кубица, смета дека Формула 1 треба да биде среќна што Себастијан Фетел останува на гридот следната година. Откако уште во Мај Скудерија...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вилнев: Ферари можеше да биде тоа што денеска е Мерцедес

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Ферари можеле да бидат она што денеска е Мерцедес доколку не заминел толку талентиран персонал од...