Мишн Виноу повторно прави проблеми за Ферари

Италијанска група за борба за правата на потрошувачите се закани дека ќе ги тужи Ферари и бара од Владата да го заплени нивниот болид за 2020 година кој неделава бееш промовиран.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Лани трофејниот тим од Маранело имаше сличен проблем поради брендирањето на болидот со Мишн Виноу брендот на Филип Морис, а се чини дека проблемот не е целосно решен.

На официјалниот вебсајт на долгогодишниот спонзор на тимот, брендот Мишн Виноу не е на никој начин поврзан со тутунот туку главно мото му е “промени со константно барање на подобар начин за правење на работите“.

Codacons – голема италијанск група за заштита на правата на потрошувачите смета дека минималното рекламирање на тутунски произвои е забрането без разлика дали е направено на директен или индиректен начин.

Според италијански Automoto, со ставот на Codacons се сложува и Владата, а Министерството за здравство потврди дека смета оти Мишн Вино промовира тутунски производи.

засилени од одлуката на министерството која ја потврдија, почнуваме законски постапки против ферари. ќе побараме новиот сф1000 болид кој беше прмовиран во реџо емилија да биде запленет – изјави карло риензи, претседателот на Codacons.

НАЈНОВО

Волф: Можно е дополнително затворање на фабриката

Период на затворените фабрики може да продолжи поради кризата со Корона вирусот во Формула 1, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Со цел да...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...