Мозли најавува “сочен“ документарец за себе

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поранешниот Претседател на ФИА и основач на Марч Инженеринг, славниот Макс Мозли, откри дека документарниот филм за неговиот живот кој ќе се појави наскоро, ќе содржи и делови кои и самиот би сакал да ги сокрие од јавноста. Документарецот кој едноставно се вика Mosley веќе ја има својата првична најава во вид на видео запис, а промоцијата ќе му биде на 8 Март на Филмскиот фестивал во Манчестер.

Документарецот ќе изобилува со контроверзии од односот на Мозли со неговиот татко Освалд,  прв човек на Унијата на фашисти во Британија во периодот пред Втората светска војна. Филмот е дело на Мајкл Шевлоф кој претохно работел и на Life at the Limit од 2103 година.

Извршен продуцент е Пол Кроудер кој ги има продуцирано The Beatles, The Who, Luciano Pavarotti и the New York Cosmos soccer team.

Освен самио Мозли, во филмот се појавува и неговиот голем другар, Берни Еклстон, потоа Жан Тод, Флавио Бриаторе, Герхард Бергет, како и Робин Херд со кого заедно го основаа Марч.

првично филмот требаше да биде за тоа како дојде до смртта на аиртон сена и роланд раценбергер и како тоа доведе до еуро нкап програмата за безбедност во автомобилската индустрија. но, се појави интересна приказна која ретко која ја знае и документарецот прерасна во нешто друго. во филмот ќе има се, интервјуто на берни е интересно затоа што детално објаснува повеќе агли на ситуацијата.

има еден или два елементи кои јас би ги исклучил од филмот, но во таков случај би се изгубила целата поента. треба приказната да биде независна – појасни мозли.

Освен неговите лични и семејни приказни, тој откри дека има многу работи кои ќе го интересираат секој вљубеник во моторспортот.

инетресно ќе биде за секој вљубеник во моторспортот затоа што иа многу стари снимки, дури и некои работи од марч кои ги имав заборавено.

има премногу материјал, а треба да биде 90 минути, слично на мојата книга која ја напишав и потоа требаше да исфрлам 20.000 зборови од неа.

НАЈНОВО

Русија не сака “рокада“ со Кина

Организаторите на Руското Гранд При не сакаат да го заменат своето место на календарот со Кина откако Стратегиската Група треба да се собере денеска...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...