0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Монако: Нова победа на Ред Бул, овој пат со Перез

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Серхио Перез за прв пат стартуваше од топ 6 во Монако, прв пат водеше на трка во Кнежевството и победи на Големата награда на Монако за нов триумф на Ред Бул.

Зад мексиканецот финишираше Карлос Саинз кој се обиде со своја стратегија, Ферари го послушаа и очигледно погрешија затоа што не ја покрија стратегијата на Перез. Последното место на подиумот му припадна на Макс Верстапен кој го задржа Леклер на 4та позиција и дополнително ја зголеми својата предност во поредокот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во пресрет на почетокот на трката почна да врне, така што првично, стартот беше одложен за 16 минути. Поодложувањето се тргна зад безбедносното возило зад кое се возеше три кругпви пред контролата на трка да се реши за прекин и црвено знаме кое траеше 45 минути.

Следниот формациски круг почна точно 65 минути по првично закажаното време за старт на трката и се возеа два кругови зад безбедносно возило. Сите возачи имаа сини гуми за целосно мокра патека.

Во тие два кругови, Николас Латифи успеа на кривината шнола да заврши во ограда, но успеа самиот во “рикверц“ да се извлече иако отиде во бокс по нови гуми и ново предно крило.

Глупост во формациски круг зад безбедносно возило направи и Ленс Строл кој допре со десната страна од болидот до ограда, ја дупна гумата и отиде во бокс.

Следуваше старт зад безбедносно возило откако Мајландер се повлече, а промени во поредокот немаше.

Во 3от круг Пјер Гасли влезе во бокс и беше првиот кој се коцкаше и промени на интермедиа. Следуваше период во кој французинот на АлфаТаури беше многу брз, претекна неколку болиди и влезе во поени.

Во 17от круг Серхио Перез беше прв од водечките кои влезе по нови гуми, истрошените сино маркирани гуми за дожд ги замени со свежи зелено маркирани интермедиа. Ферари веднаш го повикаа Саинз да го стори истото, но тој сакаше да остане на патеката и погрешија затоа што шпанеот загуби позиција од Перез.

Два круга подоцна, поточно во 19та обиколка, Верстапен и Леклер заедно менуваа и ставија свежи интермедиа, а Саинз два круга пдоцна влезе и беше првиот што стави мазни гуми, најтврда компоннта, бело маркиран хард. Во истиот момент, Ферари свтија дека погрешиле со Леклер и веднаш, заено со Саинз, го повикаа по втора промена да му монтираат мазни хард, но предоцна му кажаа да остане на патека, настана забуна и моначанецот загуби уште една позиција, овој пат од Верстапен. Макс промени следниот круг на мазни хард.

Во 25от круг поради проблем со притисокот на водата во моторот се откажа Кевин Магнусен од Хаас, а два круга потоа Мик Шумахер на шиканата кај базенот имаше силен судар, при што болидот се преполови. На сила стапи виртуелното безбедносно возило, а потоа и вистинското при што во 30от круг трката беше прекината со развејување на црвено знаме поради поправка на аштитната ограда.

Рестартот го предводеше Перез пред Саинз, а потоа Верстапен и Леклер. Ред Бул беа на нови медиум, а Ферари на користени софт, надевајќи се дека жолто маркираните пневматици нема да издржат, но повторно погрешија.

Чеко Перез се мачеше со гумите послените некоку кругови, но немаше претерано голем проблем да го задржи Ферари зад себе и по Азербејџанското Гранд При лани прв пат победи за екипата од Милтон Кинс пред Саинз, Верстапен и Леклер.

Џорџ Расел повторно 5ти и најдобар од останатите пред Ландо Норис од Мекларен, зад кого беше Фернандо Алонсо. Хамилтон беше 8ми пред Естебан Окон, а поен освои Валтери Ботас.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Хакинен гледа загриженост кај Верстапен и Ред Бул

По уште една доминантна победа во Канада, Макс Верстапен изгледа непобедливо, но и покрај одличната форма, Мика...