МотоГП, Каталуња: Маркез победник, Лорензо ја “покоси“ конкуренцијата

Лидерот во генералниот пласман на МотоГП, Марк Маркез, доминираше на Каталонското Гранд При во Барселона, по судар во кој неговиот тимски колега, Хорхе Лорензо падна и покрај за себе го означи крајот на трката и за Андреа Довициозо, Маверик Вињалес и Валентино Роси од Јамаха.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Лорензо кој притисна од стартот откако ја започна трката од 10 место на гридот, падна во тесниот свиок 10 додека се обидуваше да го претекне Вињалес, но во процесот тоа имаше негативен ефект и над Довициозо и Роси.

Маркез пак го претекна Фабио Куартаро кој стартуваше од пол позиција, но ја предаде позицијата на Довициозо и Вињалес. Откако го врати второто место, тој го притисна Довициозо и го претекна моторциклистот на Дукати во свиокот 10.

Сударот на Лорензо го остави Маркез на чело и го промовираше Данило Петручи на втората позиција, но италијанецот во Дукати не беше во можност да ги изедначи перформансите со моторциклистот на Хонда. Сепак тој успеа да се одбрани од Алекс Ринс и Куартаро на почетокот.

Куартаро сепак не се откажа од дуелот и стигна до второто место и првиот подиум за Петронас Јамаха откако го претекна Петручи во свиокот 4, но во тој момент Маркез веќе имаше солидна предност која на крајот на трката официјално беше 2.7 секунди.

Ринс со своето Сузуки се пласираше на четвртто место, пред Џек Милер од Прамак Дукати и Џоан Мир од Сузуки.

Пол Еспаргаро се пласираше на седмо место за КТМ, додека Жоан Зарко го комплетираше топ 10 позади Такааки Накагами и Тито Рабат на осмата и деветата позиција.

Во генералниот пласман, Маркез води со 37 поени пред Довициозо.

НАЈНОВО

Волф забележал проблеми во врската помеѓу Фетел и Ферари

Тото Волф не бил изненаден кога дознал за заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари, откако приметил проблеми во нивната врска. Фетел се приклучи...

популарно

Тод објаснува зошто Себ не успеал да го копира Шумахер

Жан Тод, првиот човек на Ферари, верува дека недостаток на обединетост во Ферари е главна причина што Себастијан Фетел не успеал да го копира...