МотоГП, Чешка: Маркез лесно до шеста победа сезонава

Моторциклистот на Хонда, Марк Маркез, беше поуспешен од својот најблизок ривал за титулата, Андреа Довициозо и стигна до шеста победа во сезоната на одложената трка во Брно за Голема Награда на Чешка.

Контролата за трка одлучи да го одложи стартот на трката поради дождот, откако целиот грид се одлучи за мазни пневматици.

Откако трката започна 40 минути по планираното време, Маркез имаше одличен старт и создаде предност од пол позицијата пред Довициозо од Дукати, кој пак од четвртто место стигна до втората позиција.

Џек Милер од Прамак Дукати и Алекс Ринс од Сузуки ги следеа блиску во почетокот на трката. По 10 од 20 кругови, Маркез беше само 0.4 секунди пред Довициозо, но во текот на следните неколку кругови тој значително ја подобри својата форма, зголемувајќи ја предноста на преку 3 секунди.

На крајот шпанецот ја премина финиш линијата со 2.452 секунди пред Довициозо и стигна до својата 50та победа во највисоката класа, со што неговата предност ја зголеми на 63 поени на 9 трки до крајот на сезоната.

Ринс и Милер не успеаја да се доближат до Довициозо, но Ринс беше под притисок од Милер во борбата за трето место во последните кругови. Милер покасно успеа да го претекне Ринс и стигна до својот прв подиум од трката во Остин во Април.

Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда имаше одлично претекнување над Валентино Роси на половина од трката за пласман на петто место, откако стартуваше од 11то место. Роси беше највисоко пласираниот моторциклист на Јамаха со пласман на шесто место, пред Фабио Куартараро од Петронас СРТ и вториот Дукати на Данило Петручи.

Топ 10 беше комплетиран од Такааки Накаџима со ЛЦР Хонда и Маверик Вињалес од Јамаха, кој падна дури и на 14то место по стартот.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX