- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Најдобриот поглед од дневна? Силверстон ќе гради населба со 60 куќи

Ова е вест од соништата за фановите на моторспортот, дневна соба која има поглед на тркачка патека и тоа не било која, туку легендарниот Силверстон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Овој сон може да стане реалност со плановите да се изградат 60 куќи само неколку метри од заштитните бариери во познатиот Маготс дел на свиоци. “Escapade Silverstone“ се промовира како простор кој ги сплотува моторспортот и гостопримливоста на посебен и оригинален начин. Плановите вклучуваат 14 вили со 4 спални соби и поглед на патеката, додека останатите се помали, со 3 и 2 спални соби во таканаречено “селце“.

Сопствениците и нивните гости ќе имаат пристап во Клубот,  кој вклучува ресторан, базен, сауна, како и кровна тераса со погледи кон патеката. Доколку имате сметка во банка составена од седум бројки, во британски фунти, не почнувајте веќе со планови, бидејќи сопствениците ќе имаат пристап до своите вили на ограничено време.

Сопствениците ќе може да ги користат “своите“ вили само одреден број на денови во годината, а останатите ќе бидат резервирани за гости за големи настани, како Формула 1 и МотоГП трките, додека сопственикот ќе добие процент од престојот на тие гости.

Повеќе за оваа понуда може да дознаете на следниот линк.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Албон имаше претекнувања за во книга

Александер Албон стартуваше од 9то место, а трката ја заврши 4 позиции подобро. Британецот со тајландско потекло се изнапретекнува, кое од кое претекнување поубави за...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...