На Браун му тргна со облози: О’Вард добива Ф1 тест ако победи

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Извршниот директор на Мекларен Рејсинг, Зек Браун, му понуди можност на Патрицио О’Вард да го тестира Формула 1 болидот на Мекларен, МЦЛ35Б на крајот на сезоната, но само доколку оваа година стигне до победа во Индикар.

Облогот е втор на Браун оваа сезона, откако тој му понуди на Даниел Рикардо шанса да го вози автомобилот на Дејл Ернхард, Wrangler Chevrolet Monte Carlo од 1984 година, ако успее да заврши на подиум.

Во пресрет на Гран при на Инди во Алабама, на отворањето на сезоната, во кое О’Вард се квалификуваше на пол, Браун го повика мексиканскиот тркач пред трката за да му го понуди облогот.

Добив идеја. Веќе имаше трето место, Веќе имаше второ место, Значи, ако освоиш прво место, разговарав со Андреас Сеидл, ќе те ставиме во Формула 1 болидот на крајот на годината по Абу Даби, но ќе мора да го заработиш тоа – побара браун од својот возач.

О’Вард одговори:

Ајде да видиме! Јас ќе ти ја донесам твојата победа. Се надевам дека ќе бидат повеќе победи.

Понудата би вклучувала О’Вард да учествува на пост-сезонскиот тест во Абу Даби во Формула 1, кој обично е наменет за млади возачи со помалку од три стартови на трки. 21-годишникот, кој е поранешен јуниор на Ред Бул, заврши на четвртото место на отворањето на сезоната во Индикар и водеше 25 круга. Заврши само четири секунди позади победникот Алекс Палу.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема