- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На возачите на Мекларен им се допаѓа новиот болид

Возачите на Мекларен, Карлос Саинз и Ландо Норис, беа во вообичаена форма при промоцијата на нивниот нов болид за 2020 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Двајцата возачи го истакнаа своето задоволство и доверба во новиот болид на Мекларен, кој е еволуција од минатогодишниот, но во кој се имплементирани коментарите и податоците обезбедени од Саинз и Норис.

Ми се допаѓа, ми се допаѓа многу. Мислам дека мат финишот и сета работа која е вложена во болидот, навистина изгледа одлично. Потесен е, подобар едноставно – изјави Саинз.

Во однос на мат финишот, беше откриено дека Норис наводно бил вмешан во дизајнот, што пак го поттикна младиот британец да се пошегува дека тој го дизајнирал целосно болидот.

Болидот е основан на минатогодишниот. Со се што поминавме минатата година, сите наши коментари и дискусии беа пренесени во овој болид. Ова е повеќе мој болид, имавме наше мислење, така што е како мое бебе.

Во однос на нивната соработка, хармонијата и партнерството помеѓу Саинз и Норис е неспоредливо на гридот, а здравиот однос е од голема корист за Мекларен.

Успеавме да изградиме добра соработка еден со друг, но и добра работна атмосфера во тимот. Работејќи со Карлос, има многу работи кои морав да ги подобрам. Добро беше. Беше забавно, особено во мојата прва година во Формула 1.

Успеав да се навикнам на повеќе работи побрзо одколку што очекував, а тоа е поради Карлос и како се согласуваме. Беше многу забавно и се надевам ќе продолжиме во иста насока – изјави Норис.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Рикардо во ѕидот и со кривење излезе од своето Рено

Даниел Рикардо имаше силен судар со своето Рено на средина од втората тренинг сесија и со кривење излезе од РС20 болидот. Сепак, по прегледот, докторите...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Шестмина возачи не клекнаа пред трката

Шест од вкупно 20 Формуал 1 возачи одбраа да не клекнат пред стартот на трката како гест за поддршка на борбата против расизмот и...