- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На Фетел му е жал за “кутриот Расел“

На Себастијан Фетел му е жал за Џорџ Расел откако возачот на Вилијамс за малку пропушти да ги освои своите први поени во Формула 1 кариерата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Младиот британец нема топ 10 финиш откако стана дел од тркачката серија, но тоа н е негова вина затоа што тимот на Вилијамс за кој вози константно има најбавен болид на гридот. Многу возачи се откажаа од Тосканското Гранд При така што Расел имаше шанса да прекине низата од трки без поени, но успеа да дојде само до 11то место.

знаев дека расел е зад мене и по малку ми беше жал за него затоа што извозе одлично особено пред последниот рестарт, беше побрз од нас и поконстантно ја менаџираше трката.

гледав што прави и знам дека поените ќе му дојдат кога тогаш. ми беше жал затоа што сметав дека заслужува поен. ако го пуштев денеска пред мене само поради тоа што сметав дека се бореше посилно од сите, буквално ќе ме обесеа.

навистина ми е жал, се избори буквално од опашката до една позиција пред поени, но не стигна до резултатот кој го заслужува – изјави фетел за холандски Ziggo Sport.

По изјавата која Џорџ ја прочитал, му се заблагодарил на Себ за боровите на поддршка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...