0 ден

Нема производи во кошничката.

Несаканите рекорди кои може да ги постават Леклер и Норис

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 возачите најчесто поставуваат позитивни рекорди, но претстојната година се очекува да се постават и некои негативни. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Иако Шарл Леклер и Ландо Норис сакаат да се борат за подиуми, сепак може да постават некои лоши рекорди. Возачот на Ферари имаше шанса да се бори за титулата минатата сезона, но поради грешките и проблемите со болидот, Леклер не успеа во тоа. Моначанецот има 18 пол позиции и не успеа да ја освои титулата слично како и Валтери Ботас кој имаше 20 пол позиции без титула. Оваа сезона Леклер има шанса да го зголеми бројот на пол позиции и да го превземе рекордот од Ботас. 

Норис, сепак, може да постави два рекорди откако не успеа да ја запише првата победа во Русија во 2021 година. Тој би бил првиот возач кој освоил најмногу поени без победа. Пред почетокот на сезоната Норис има освоено 428 поени без победа во неговата четиригодишна кариера. Рекордот е 521 поен кој го држи Нико Хулкенберг кој се враќа оваа сезона во Хаас. Тоа значи дека Норис треба да освои 94 поени повеќе од Хулкенберг за да го постави овој рекорд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ