0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Нетфликс сними документарец за Шумахер

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Нов документарен филм за Михаел Шумахер, кој е целосно подржан од семејството на седумкратниот шампион, ќе биде пуштен на Нетфликс на 15 Септември. 

На филмот работела неговата сопруга Корина, неговите деца Џина и Мик и неговиот брат Ралф. Менаџерот на Шумахер, Сабине Кем, најави дека филмот е подарок од семејството за нивниот сопруг и татко. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во филмот своја улога имаат и Жан Тод, Берни Еклстон, Лука ди Монтеземоло, Флавио Бриаторе, Себастијан Фетел, Мика Хакинен, Дејмон Хил и Дејвид Култхард. 

Михаел Шумахер е олицетвроние на тркач кој постави нови високи стандарди. Во неговата потрага за перфекција, тој беше притивник на сите и постигна голем успех. На него му се восхитуваат многумина, Тој најде сила да ја заврши задачата и да одмори дома со неговото семејство.

За да се зачува приватноста, тој секогаш водеше одвоен живот. Филмот ги опишува двете страни – откри Кем. 

Филмот е продуциран од германска компанија во режија на Ханс Бруно Камертонс, Ванеса Нокер и Михаел Веч. 

Најголемиот предизвик беше да се најде баланс меѓу независнито новинарство и семејството, а Корина ни даде голема подршка.

Сакавме да направиме автентичен филм и да покажаме каков е Михаел со сите подеми и падови. Таа беше одлична и храбра што ни дозволи со почитување на нејзините граници – изјави Нокер. 

Продуцентот Бенџамин Сеикел додаде: 

Документарецот беше голем предизвик и бараше доста време поради притисокот од надвор. Му благодариме на тимот за соработката и на смсјестово без кое немаше да го направиме ова. Благодарни сме и на Нетфликс кој ни овозможи глобална презентација. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Ни треба максимум од Баку

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим мора да ја максимизира секоја можност на Големата...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...

Шумахер: Канада беше како торта без шлаг

Мик Шумахер вели дека неговиот силен настап во квалификациите во Монтреал, проследен со неговото предвремено откажување на...