- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Нетфликс ќе снима серија за Сена

Нетфликс објавија дека ќе почне да снима и продуцира нова мини серија за тркачката кариера на тркратниот првак, Аиртон Сена и дека содржината во истата ќе биде измислена.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Бразилецот кој го загуби својот живот на патеката во 1994 година на трката во Имола, Сан Марино, е еден од најбрзите и најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Во 2010 година се појави документарец под едноставен наслов “Сена“ кој доби две БАФТА награди.

Новата мини серија од Нетфликс е измислена драма која ќе има осум епизоди снимени на различни локации, вклучително и неговиот роден Сао Паоло.

навистина е посебно да се најави дека ќе имаме можност да раскажеме некои детали кои за него ги знаат само неколку луѓе.

семејството сена е посветено да го направи овој проект нешто целосно никатно и невидено и нема никој подобар од нетфликс кои имаат меѓународно реноме да биде наш партнер – изјави вивиен сена, сестрата на аиртон.

Мариа Ангела де Хесус, директор на оригинална интернационална продукција на Нетфликс во Бразил додаде:

сена го почна своето патешествие во сао паоло и потоа го освои светот и ние сме почестени што ќе можеме тоа патешествие да им го прикажеме на сите негови фанови.

аиртон сена има наследство со генерации и нетфликс се горди што ќе пренесат еден нов агол од возачот и истото ќе го пренесат во 190 земји.

Серијата ќе има премиера во 2022 година, а ќе биде снимана на англиски и португалски јазик.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно