0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Новата сезона на Drive To Survive ќе ја надмине претходната

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Според извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, неодамнешната сезона на шоуто Drive to Survive во Формула 1 на Нетфликс веќе е на пат за поголема публика од третата сезона.

Нетфликс ја започна документарната серија Drive to Survive во 2019 година, прикажувајќи ги сите ситуации зад сцената низ падокот на Формула 1. Шоуто се покажа како многу популарно, особено во Соединетите Американски Држави, каде што одигра голема улога во неодамнешниот зголемен интересот за спортот. Од следната година во САД ќе има три трки годишно.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Четвртата сезона на Drive to Survive беше објавена од Нетфликс во Март пред почетокот на новата сезона во Формула 1, со уште 10 епизоди додека ја покриваше тензичната шампионска борба меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Плановите за петтата сезона на Drive to Survive сè уште треба да се потврдат, но Мафеи откри дека четвртата сезона е веќе на пат да ги надмине бројките од третата сезона.

Среќни сме што можеме да пријавиме и мислам дека нашите пријатели од Нетфликс би биле среќни да пријават, дека веќе беше шоу број еден во 33 земји ширум светот.

Публиката во четвртата сезона е веќе поголема од публиката во третата сезона. Значи, тоа е огромен успех.

Мислам дека има многу други фактори кои помогнаа да се поттикне нашата популарност, но ова е секако еден од главните.

Третата сезона беше објавена во 2021 година и достигна нов врв на популарноста на Drive to Survive, станувајќи број еден ширум светот на Нетфликс и задржи публика за која се разбира дека е околу 20% повеќе од првата сезона. Четвртата сезона, исто така, се искачи на број еден во светот на Нетфликс.

Додека возачите и главните лица во тимовите зборуваа за приливот на нови фанови што Drive to Survive ги донесе во Формула 1, некои изразија загриженост за нивното прикажување во серијата. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен во 2021 година откри дека повеќе не бил интервјуиран за серијата поради загриженост за тоа како е прикажан, а пред неколку недели потврди дека не планира да го промени своето мислење.

Шефот на спортот, Стефано Доменикали, рече дека се планирани разговори за да се обезбеди користењето на креативната лиценца да не отиде премногу далеку, така што возачите ќе продолжат да учествуваат во Drive to Survive.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Ни треба максимум од Баку

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим мора да ја максимизира секоја можност на Големата...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Амазон и Нетфликс во војна за ТВ правата во САД

Борбата за телевизиските права за Формула 1 во Соединетите Американски Држани станува се пожестока поради се поголемиот...

Њујорк понуди место за Формула 1 трка

Шефот на Либерти Медиа, Грег Мафеи, откри дека новиот Градоначалник на Њујорк понудил место за потенцијална Формула...

Либерти Медиа најавуваат повеќе екипи

Грег Магеи, Претседателот на Либерти Медиа, најави дека Формула 1 може да се прошири на повеќе од...