Норис: Ми се зголеми самодовербата

Младиот дебитант на Мекларен, Ландо Норис, изјави дека зголемената самодоверба му е најголемата придобивка откако дојде во Формула 1.

Британецот освои поени на две трки откако заврши на 6то место во Бахреин, а 8мо во Азербејџан. Тој признава дека се мачел на првата трка во Мелбурн на која тој дебитираше, но во Бахреин било многу подобро.

Најверојатно имам поголема самодоверба. Тоа е работата со која се мачев во Австралија. Навистина бев подобар во Бахреин и повеќе уживав. Во Австралија беше напнато и размислував за многу работи. Не беше забавно само во Бахреин и Кина. Мислам дека повеќе самодоверба е добра работа.

Првите поени во Бахреин се голем чекор за самодовербата и тоа е бонус за младиот Норис.

Секогаш е бонус кога ќе освоиш поени. Не е дека мораш да направи нешто или да ја искористиш приликата, туку едноставно да се потрудиш да извлечеш максимум како јас во Бахреин.

Не можев повеќе од 6то место, но веројатно можев да бидам пред Фетел доколку подоцна се случеше инцидентот.

Но и покрај тоа работам со луѓето надвор и тоа е добро за мојата самодоверба. Важно е но сепак не е крај на светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ