Норис: Роси ме инспирираше да станам тоа што сум

Ландо Норис, одличниот млад возач на Мекалрен, призна дека Валентино Роси имал огромно влијани врз него за да го засака тркањето. Тој призна дека италијанецот го инспирирал да стане тоа што е денеска.

Норис никогаш не криел дека се восхитува на Докторот, а на Италијанското Гранд При во Монца лани дури носеше и посебно дизајнирана кацига со боите на Роси во негова чест. Следуваше МотоГП трката во Силверстон во Септември каде Ландо за прв пат се сретна со својот тркачки херој

почнав да го гледам валентино пред да почнам д гледам формула 1, имав околу 4 години, тој беше првиот кој го гледав во било какво тркање, без разлика дали се мотори, коли, рели… било што.

тој беше човекот кој ми беше идол кога бев мал и сонував да бидам како него на многу начини. сеуште има работи во мојот карактер кои се слични на него, но и дизајнот на кацигата, моите заштитни бои и слични работи. тој беше човекот кој ме инспирираше д станам ова што сум денеска.

го сакам тркањето, што видов една трка веднаш се вљубив во спортот. прво гледав мотогп, потоа се навлеков и на формула 1, рели, гт трки, било што само да е тркање.

прво мое следење на трка во живо беше кога имав шест години, ме однесоа на картигн трка затоа што сакв да одам и така почна се – појасни норис.

НАЈНОВО

Норис: Роси ме инспирираше да станам тоа што сум

Ландо Норис, одличниот млад возач на Мекалрен, призна дека Валентино Роси имал огромно влијани врз него за да го засака тркањето. Тој призна дека...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Волф: Шумахер има удел во успехот на Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека и Михаел Шумахер има удел во фантастичниот и историски успех на Формула 1 тимот откако германецот се...