0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Норис се надева на силна трка по викендот за заборав

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Возачот на Мекларен, младиот Ландо Норис, очекува тимот да има далеку посилен викенд во Британија следната недела, а изминатиот во Канада сака што побрзо да го заборави.

Дождливите квалификации во Мопнтреал беа совршена можност за Норис и Рикардо да изненадат со силни позиции, австралијанецот дојде до 9то стартно место, додека Ландо отпадна во средниот сегмент. На трка, британецот имаше проблем со моторот и не успеа да дојде до поени.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сега тој се надева дека со неколку подобрувања, Мекларен може да испорачаат силен болид кој ќе дојде до далеку подобар болид на Силверстон.

монтреал искрено беше пеколен викенд за мекларен. но, има причина да веруваме дека можеме многу работи да промениме за следната трка во силверстон.

на првата трка во бахреин бевме 15ти и бевме предалеку од ритамот на водечките, а стигнавме до 5то место во австралиај две трки подоцна и освоивме подиум на имола.

вистина е дека на последните две трки сме помалку конкурентни, но знаеме зошто е тоа така и работиме напорно да се подобриме. имаме некои работи кои ни се планирани да ги донесеме на силверстон и не можам да дочекам на таа трка пред домашните фанови.

возење на силверстон е различно од било што со сета позитивна енергија од маршалите, чуварите и сите присутни на патеката. поддршката за мекларен се чувствува насекаде и ние ќе направиме се што можеме да бидеме далеку подобри одошто во канада. имаме новини кои треба да одговараат на патеката – откри норис.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Алонсо: Верстапен е чекор пред сите годинава

Фернандо Алонсо смета дека конкурентите за овогодишната титула возат неверојатно добро, но дополни и дека Макс Верстапен...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Мекларен ја објасни разликата меѓу квалификациите и трката

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, објасни дека недостатокот на потисна сила на квалификациите ја прави разликата во...

Мекларен подготвени да расчистат со Рикардо

Шпекулациите велат дека шефовите во Мекларен му соопштиле на Даниел Рикардо дека имаат намера да заменат со...