Норис: Го разочарав тимот

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ланд Норис се обвини себе дека го разочарал тимот со грешките во првиот квалификациски сегмент во Саудиска Арабија што резултирало со контакт со оградата крај патеката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поради здобиената штета, младиот британец имал проблеми со суспензијата на леводо задно тркало и управувањето на својот МЦЛ60 болид, така што експресно се врати во боксот. Инженерите многу брзо потоа потврдија дека тој нема да може да се врати да ги доработи квалификациите поради тоа што нема време за поправка на болидот. Доколку механичарите успеат да го оспособат неговиот болид, тој ќе тргне од последнито стартен ред крај Логан Сарџент од Вилијамс кој исто така имаше блиска средба со оградата.

направив грешка коај не требаше да ја направам, искрено кажувам и платив многу висока цена поради што сум разочаран и фрустриран. разочаран сум затоа што имав шанса да стигнам до последниот квалификациски сегмент денеска, затоа што лесно ќе минев во к2, а имав потенцијал и за повеќе. го разочарав тимот и вознемирен сум – изјави норис.

Прашање е дали младиот британец може да спаси нешто со старт од последниот ред.

сеуште не знам, но потенцијал имаме, иако очекувањата ми се непознати. болидот има подобар ритам одошто тоа беше случајот во бахреин и поради тоа се надевам на повеќе, но оваа патека е потешка за претекнување одошто шакир.

болидот беше добар и јас бев удобен додека возев. на подобрата страна, ни претстои долга трка во која се надевам дека ќе добијам можности да одам напред. се надевам дека ќе надоместам за грешките кои ги направив и ќе можам да се бораб за поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ