Ова е веќе смешно: Шести мотор и нова казна за Ботас

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Валтери Ботас ќе добие нова казна на претсојното Американско Гранд При откако Мерцедес по 6ти пат сезонава менуваат мотор во неговиот болид.

Во Италија и Русија тој зема нов мотор и отслужи казна поради тоа, така што ова ќе биде трето назадување на гридот, најави тимот во пресрет на првата петочна тренинг сесија по КОТА.

По Себастијан Фетел од Астон Мартин и Џорџ Расел од Вилијамс, Ботас ќе биде третиот возач на Мерцедес кој ќе отслужи казна поради предвремена промена на мотор викендов, но промената кај него ќе биде само пет позиции. Празилата на ФИА велат 10 позиции казна за првата предвремена промена, а пет за останатите потоа.

Ботас го доби својот 5ти мотор со внатрешно согорување на Монца, а 6от во Русија, заедно со сите останати делови, така што моторот со внатрешно согорување кој ќе го земе во Тексас ќе значи само пет места за него.

Финецот цели на втора последователна победа годинава откако победи пред две недели во Турција, но најдобро стартно место за него теоретски може да биде 6та позиција.

Луис Хамилтон доби нов мотор со внатрешно согорувае и поради тоа што беше прва предвремена промена кај него, тој доби 10 позиции казна.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема