0,00 ден

No products in the cart.

Од Барселона тврдат дека Мадрид се обидел да ја превземе трката

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Организаторите на Гранд При трката крај Барселона открија дека морале да се одбранат од предизвикот од Мадрид за да ја задржат Големата награда на Шпанија, вели претседателот на патеката Барселона-Каталуња.

Формула 1 неодамна потврди дека Барселона останува на календарот најмалку до 2026 година, откако беше постигнат нов договор, со ветувања дека патеката ќе ја надгради својата инфраструктура и ќе ги подобри своите еколошки акредитиви.

Веста нема да биде универзално добредојдена бидејќи патеката често не произведува незаборавни, возбудливи трки, иако оваа година, по битката помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен, беше подобра од минатото.

Но, иако јасно беше дека Формула 1 сакаше да ја одржи трката во Шпанија, не беше сосема јасно дека ќе остане во Барселона бидејќи главниот град на земјата, како што се тврди, појави интерес да ја превземе трката. Вистинското место не беше наведено од страна на Претседателот на патеката во Барселона, Роџер Торент, но беше откриено на почетокот на оваа година дека се планира нова патека во Мората де Тајуна, југоисточно од Мадрид.

За време на интервјуто за Каталонското радио за новиот Гранд При договор на Барселона, Торент рече:

Дали чинеше многу? Да, затоа што очигледно има голема конкуренција.

Сите си замислуваат дека има многу градови, земји и региони кои би сакале да имаат гранд при во Формула 1. Некои многу блиски до нас се натпреваруваа и бараа начин да се обидат да го заменат Гранд при викендот.

Постоеше подготвеност од страна на Мадрид да ја одвлече големата награда што сега ја одржуваме во Барселона во Мадрид, така што не беше лесно.

Сепак, имаше и демант од главниот град дека Мадрид направил каков било официјален обид да се обиде да ја одземе Големата награда на Шпанија од Барселона. Енрике Лопез, Министер во Центалната Влада во Мадрид, изјави:

Ниту претседателката Изабел Ајусо, ниту некој во нејзината влада не направи ништо за да ја донесе Формула 1 во Мадрид на штета на Каталонија.

Еден од условите за новиот договор на Барселона беше објавено дека е надградба на падокот на место кое сега е старо три децении, а меѓу плановите да има и 5Г мрежа.

Ова е добро за трките и има позитивно влијание врз правењето на патеката поконкурентна со цел да се привлечат автомобилски брендови кои можат да вршат физички и иновативни тестови низ патеката – рече Торент.

Ќе има физички инвестиции во патеката, но и во поврзување и дигитализација на инфраструктурата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема