Од Санкт Петерсбург демантираат дека преговараат со Ф1

Шефот на Автодромот северно од Санкт Петерсбур кој се споменуваше како локација за Руско Гранд При по крајот на договорот со Сочи, демантира дека Формула 1 ќе се вози на “неговата“ патека.

За време на тркачкиот викенд во Русија, медиумите почнаа да шпекулираат дека Претседателот Владими Путин дал “зелено светло“ за преместување на трката од Сочи во неговиот роден Санкт Петерсбург.

Сезонава атрактивната германска тјуринг серија ДРМ објави дека догодина ќе се тркаат на руска патека која се вика Игора Драјв, лоцирана во Приозерск, два часови возење од Санкт Петерсбург. Медиумите сметаат дека престижниот ДТМ може да биде предвесник на Гранд При во иднина.

во врска со формула 1, можам да потврдам дека сме немале никакви преговори. не знам од каде доаѓаат тие гласини – изјави владимир василев, шеф на игора драјв за руски Sport-Express.

Патеката во моментов има оценка 2 согласно строгите стандарди на ФИА, но Василев е убеден дека следната инспекција ќе им донесе највисока оценка.

НАЈНОВО

Со најбрзо време, Ботас се забавувал на последниот ден

Валтери Ботас го заврши последниот ден од првиот предсезонски тест во Барселона со најбрзо постигнато време и имал забава возејќи го В11. Иако поголемиот дел...

популарно

На Марко му олеснало кога Астон Мартин се откажале

Доктор Хелмут Марко откри дека откажувањето на нивниот главен спонзор, Астон Мартин, од соработка со Ред Бул по крајот на оваа сезона, било многу...