- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Од Ферари сметаат дека промените на гуми нема да се побавни

Лорен Мекиес, спортскиот шеф на Ферари, смета дека промената на гуми на Формуа 1 болидите за време на трка нема да биде побавна и покрај рестрикциите кои ги имаат екипите во работењето во гаражите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Дел од мерките се значително намален персонал од страна на тимовите присутен на патеката, нешто што најмногу ќе влијае на големите екипи кои носеа “мали фабрики“ со себе. Лимитот на механичари кои паралелно работи на еден болид е заменет со лимит на персонал по екипа кој смее да биде присутен на патеката и тој број изнесува вкупно 80.

Понатаму, како дел од превенцијата за спречување на ширење на вирусот, постои своевиден меур во екипите така што не треба да има мешање помеѓу механичари и инженери о двете страни на боксот. Порад тоа што не можат заено да работат, теоретски промената на некој покомплициран дел треба да биде подолга.

имаме поставен лимит на вкупниот персонал од 80 луѓе вкупно. поради тоа, треба да намалиме на голем дел од нетехничкиот персонал и како резултат на тоа, промената на гумите и инженерските операции нема во никаков обем да трпат или да бидат забавени.

општесвената одговорност ни наложи да носиме колку што може помалку луѓе на тркачките патеки без оглед на поставениот лимит, но се на се, нема да има голема разлика во однос на луѓето кои се вклучени во процесот на промена на гуми.

го намаливме бројот така што сите работи кои може да се изведуваат без физично присуство ќе бидат на тој начин одработувани. како што знаете, ние во ферари го викаме тоа “паралелен бокс“ тоа е гаража која се наоѓа во фабрика и е целосна поддршка на нашите операции на патеката. се што може да се прави од далечина, ќе се прави така, а сигурен сум дека тоа ќе го прават сите екипи заедно со фиа.

што се однесува до промената на гуми, разлика нема да има – потенцираше мекиес.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна...

РЕЗУЛТАТИ

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...