0,00 ден

No products in the cart.

Окон за Џеда: Нема место за одмор и опуштање

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Во пресрет на првото Саудиско Гранд При во Формула 1 историјата, Естебан Окон од Алпин смета дека патеката е лудило и ќе биде огромен предизвик да се вози.

Кралството изгради целосно нова градска патека на брегот на Црвеното Море, патека долга 6,17 километри со 27 кривини и дури 3 ДРС зони.

подготовките се клучни при секоја трка на некоја нова патека. момците во симулаторот работеа неверојатно напорно за да разберат се колку што може подобро, јас исто така возем многу повеќе од вообичаеното за да не бидеме изненадени на некој начин викендов.

сакам вкви луди патеки, како на пример онаа во баку затоа што притиска се до лимитот и мислам дека ќе биде многу забавно – посочи французинот.

Врз основа на симулациите, Окон смета дека нема да иа простор за одмор во текот на кругот.

патеката изгледа како многу напорна, многу е брза, а оградата е многу блиску, има многу шикани и летечки кривини, така што место за одмор нема да има. со толку многу кривини, предизвикот за инженерите е голем за да се најде оптималното сетирање на болидот.

исто така, кругот е многу долг и ќе биде физички напорно за нас возачите, а клучно ќе биде да се остане фокусиран во текот на трката и да не се погреши.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема