0,00 ден

No products in the cart.

Окон: Прашање на време е кога Пјастри ќе дојде во Ф1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Естебан Окон смет дека Оскар Пјастри не треба да биде многу загрижен што пропуштил можност да биде дел од Формула 1 гридот следната година.

Окон и Алонсо жестоко се борат да го донесат Алпин на 5то место во конструкторскиот поредок каде АлфаТаури им е најголем конкурент, а тимот неодамна потврди дека Пјастри ќе биде нивна поддршка догодина и со тоа демантираше дека е го испрати својот млад возач во Алфа Ромео.

Актуелниот Формула 3 првак во моментов е на водечкото место во Формула 2, а второпласиран во истата сериај е кинецот Гуанју Жу кој доби место во Алфа Ромео за следната сезона. Иако е по малку разочаран што австралијанецот не добил Формула 1 место, Окон верува дека пред Оскар има светла иднина.

мислам дека е само прашање на време пред оскар да дојде на гридот. тој е повеќе од талентиран и секаде каде што се тркал освојувал титули.

секако дека никогаш не е добро да се чека, особено за нас возачите, но најдобро е следи и учи колку што може повеќе. штом го добие местото, треба да се се осигура да примени се што научил, тоа го правев јас, а сметам дека истото го правеле и сите на гридот – појасни окон.

Тој го поздрави и доаѓањето на Жу на гридот следната година крј Валтери Ботас и смета дека нема да му треба многу време на кинезот да се прилагоди.

одлично е што ќе го глеаме во формула 1. работев со него доста година, јасно е затоа што беше дел од академијата, дури доби и петочна сесија во австрија, така што потврдувам дека одлично се развива во формула 1 болид и  многу брз.

нема да му треба многу време да влезе во ритам и му посакувам се најдобро.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема