Естебан Окон е свесен дека нема да победува на трки со фабричкиот тим на Рено, неговата нова екипа за 2020 година.
Откако една година мина како резервист задолжен за работа во симулаторот на Мерцедес, французинот се подготвува да одработи два денови тест за Рено на крајот од оваа година во Абу Даби.
читам се што се случува околу тимот и ќе дадам се од себе за да им помогнам. одлично е што ќе имам можност да се споредам со даниел рикардо затоа што одсекогаш сум сакал да се борам со него и моја цел ќе биде да бидам пред него.
и покрај одличниот напредок во последно време знам дека немаме болид псособен да победува, а не очекувам да имаме нити следната година. важно е да се задржи мотивацијата и да се напредува затоа што сакам да сум светски првак, а не да сум 7ми или 8ми – изјави окон за француски Le Figaro.
Естебан жали што возачот кого го замени во Енстоун, Нико Хулкенберг, не успеал да си обезбеди место на гридот.
сеуште има многу работи кои не ги разбирам во бизнис делот на спортот, но нико заслужи да остане во формула 1. можеби не сум во најдобра позиција да зборувам за тоа, но очигледно дека во системот нешто недостасува.
ништо не е едноставно дури и оние кои имаат оглема финансиска поддршка зад себе. еден момент на слабост и некој друг ќе ви го превземе местото.