Освојувачот на пол позицијата во Мексико ќе добие посебна награда

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Победникот на овогодинешните квалификации за Големата награда на Мексико ќе добие посебна награда, официјална копија на кацигата на легенданриот Хуан Мануел Фанџо.

Аргентинецот има 51 Гранд При трка зад себе, 35 подиуми постигнато на тие трки, од кои дури 24 победи. Со тие бројки освои пет титули и тоа во 1951 година и од 1954 до 1957 година, само еден од тројцата со барем толку наслови. Поради ерата во која ги освои своите титули, многумина сметаат дека неговите постигнувања се далеку поимпресивни од оние на Михаел Шумхер и Луис Хамилтон.

Со цел одбележување на 70-годишнината од неговата прва титула, организаторите на Големата награда на Мексико открија дека оној кој ќе победи на квалификации во  Сабота ќе добие копија од кацигата на Фанџо.

вистинска чест е што ќе соработуваме со хуан мануел фанџо фондацијата за да понудиме уникатен подарот на оној кој ќе освои пол позиција на нашиот настан. фанџо е вистински амбасадор на формула 1 во латинска америка и насекаде низ светот и сигурен сум дека сите возачи би посакале реплика од неговата кацига во својата колекција.

минаа 70 години од првата титула на фанџо и тој сеуште е еден од најголемите легенди на формула 1 на сите времиња – изјави федерико гонзалес компеан, првиот човек на мексиканското гранд при.

Кацигата ќе биде иста онаква каква што Хуан носеше во 1951 година кога дојде со својата Алфа Ромео до првата титула во прват Формула 1 сезона. Кацигата тогаш била произведена од британската компанија Херберт Џонсон, костурот се состоел од неколку слоеви материјал кој се користи како изолатор на електрични жици. Внатре имало тенок слој ткаенина, прстен од тврда кожа и свила за помека облога.

Подарото на освојувачот на пол позицијата ќе му го преддат трикратниот шампион Сер Џеки Стјуард и аргентинскиот новинар Фернандо Торнељо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема