ОФИЦИЈАЛНО: Тимовите едногласно ги одбија новите гуми

Формула 1 ќе ја задржи тековната спецификација на гуми и следната 2020 година откако тоа едногласно беше изгласано, а гумите минаа целосна тест програма во текот на сезоната.

Пирели го дизајнираше новиот производ за да се намали деградацијата, да се овозможи полесно користење и оптимизирање и помало прегревање под влијание на нечист воздух. Последниот дводневен тест на гумтие за сите екипи беше по крајот на Абу Даби Гранд При минатата недела.

Напуштање на користење на новите гуми беше одлука која треба да биде донесена од минимум 70% од екипите на гридот согласно член 12.6.1, од техничката регулатива, но овој пат сите екипи се сложија дека треба да се остане на овогодинешниот производ.

И од Пирели објаснија дека се отворени и за такво сценарио, но за да се направи тоа треба да добијат издржано објаснување зошто тимовите се против новите гуми.

НАЈНОВО

Алфа Таури ќе го промовираат болидот на Денот на вљубените

Новобрендираната екипа на Алфа Таури е вториот тим во Формула 1 кој го објави датумот за промоција на нивниот болид за 2020 година. Поранешната екипа...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели. Со вас ќе споделиме...