Палмер: Неизбежен беше контакт меѓу Хамилтон и Верстапен

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поранешниот Формула 1 возач, Џулион Палмер, во својата колумна смета дека сударот помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстпен бил неизбежен во борбата за титулата оваа година. 

Иако имаа чиста борба во Бахреин, сепак на Имола беше друга приказна. Верстапен беше подобар во првиот свиок додека Хамилтон загуби дел од предното крило и дојде до втората позиција. 

Сепак, поради најбрзиот круг на Хамилтон, сега тој води со еден поен предност пред Верстапен, но има уште 21 трка до крајот на сезоната и се очекува ривалството да се разгори во наредните трки. 

Оваа трка ни покажа каква ќе биде борбата за титулата. кога се борите со вашиот ривал, мора да ризикувате и може да направите грешки. Доколку се борите со ривалот може да сте агресивни, Тоа се покажа и ќе го гледаме на наредните трки.

Мислам дека ова е најдобрата борба за титулата на Луис. Го гледав во 2007 и 2008 година, но сепак ова е борба на декадата.

Тој немал толку добар конкурент од времето кога со Алонсо беа во ист тим. Ова е пожестоко од борбата со Маса во 2008 година, а Дури и со Розберг имаа судари.

Ова е ривалство кое ќе се зголемува во текот на сезоната. Хамилтон ризикуваше на стартот и можеби немаше да ја завршат трката, но сепак завршија еден зад друг. Со Розберг и Хамилтон имаше 50-50 шанси да се случи судар. Мора да се ризикува – смета палмер.

Палмер смета дека во инцидентот на Ботас и Расел, британецот е тој што треба да ја превземе кривицата. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема