Пенске го купува Мерцедес ?

Реномираниот германски Auto Bild тврди дека Формула 1 тимот на Мерцедес е на продажба и тврди дека тоа го дознале од доверливи извори.

Новинарот на весникот, Ралф Бах, тврди дека купувачи за трофејната Формула 1 екипа може да бидат пребогатиот руски олигарх, Дмитри Мазепин чиј син вози во Формула 2, но и Роџер Пенски, американска тркачка легенда и милијардер кој штотоку ги купи Индикар и Индианаполис Спидвеј.

82-годишниот Песке се проценува на 1,6 милијарди долари, а неговиот син Џеј е сопственик на Геокс Драгон Формула Е тимот во електричната тркачка серија.

Германскиот весник пренесува дека по продажбата на тимот, Мерцедес би останале во спортот како снабдувачи со мотори затоа што то се две целосно независни фабрики кај нив, тимот работи во Бракли, тркачките мотори се изработуват во Бриксворт.

НАЈНОВО

По трансферот во Ред Бул, Албон повеќе не се чувствувал како дебитант

Александер Албон откри дека неговиот трансфер во Ред Бул му одзел дебитантското чувство кое го имал во Торо Росо оваа сезона, која за него...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...