Пенске размислува за враќање на Ф1 во Индијанаполис

Новиот сопственик на Индикар тркачката серија и славниот автодром Индијанаполис, Роџер Пенске, прави анализа за враќање на врвот на моторспортот на најславната патека во Соединетите Американски Држави.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Компанијата на Пенске го превзема сопствеништвото над серијата и автодромот од Хулман и ко. кои беа претходни сопственици. На прес конференцијата за превземањето, Роџер откри дека ќе направи нови инвестиции на патеката, но и дека сериозно размислува за враќање на Формула 1.

ако го погледнеме самиот автодром во него беа вложени 100 милиони долари пред неколку години за јубилејното 100то издание на индијанаполис 500 трката, а направената промена беше повеќе од очигледна.

сакаме да додадеме повеќе зони за фановите, но зашто би го правеле тоа? можеме ли да возиме 24-часовни трки овдека? можеме и да возиме формула 1 овдека? кој се може да се трка овдека? автодромот е многу вредно средство.

треба добро да анализираме што можеме да направиме затоа што овој бизнис може да биде одличен. раководството до сега направило фантастична работа и ние сакаме така да продолжиме – најави пенске.

Формула 1 се тркаше во Индијнаполис од 2000 година до 2007 година како домаѓин на Големата награда на Америка, но проблемите се појавија по катастрофалното издание со само шест болиди од 2005 година.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...