0 ден

Нема производи во кошничката.

ОФИЦИЈАЛНО

Перез казнет, но ја задржува победата

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите.

Возачот на Ред Бул извозе доминантна трка и победи пред Шарл Леклер од Ферари со предност од 7 секунди, не препуштајќи го водството во ниту еден момент и покрај трите безбедносни автомобили. Но, при еден рестарт, тој го надмина задолжителното растојание од 10 должини на болид зад безбедносното возило и поради тоа беше под истрага по крајот на трката. Во меѓувреме од Ферари и Матиа Биното беше побарано тој да добие двојна казна бидејќи во два наврати го сторил истото.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По неколку часовна дискусија, стјуардите ја донесоа својата одлука и му доделија на Перез временска казна од 5 секунди, како и опомена со 2 казнени поени. И покрај додаденото време, редоследот по крајот на трката не се менува и Перез останува победник на Сингапурското Гранд При.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

🎥 Среќниот Валентино Роси доби втора животна шанса

На денешната трка во МотоГП првенството и Големата Награда на Австрија, бевме сведоци на повеќе директни дуели,...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Рикардо: Ред Бул не ми должеа ништо

Откако се врати во Ред Бул како трет возач за следната година, Даниел Рикардо зборуваше за својот...