Перез: Мерцедес се фаворити во Русија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Серхио Перез очекува Мерцедес да имаат предност на Руското Гранд При поради нивниот неоспорен успех откако патеката е на Формула 1 календарот. 

Мексиканецот има споредна улога во Ред Бул, додека Макс ВЕрстапен ќе има казна од три места на гридот по инцидентот на Монца. 

Мерцедес победи на сите досегашни трки во Русија. Тешко ќе биде да ги победиме, но ќе дадеме се од себе.

Сочи е патека која е брза, техничка и ќе има возбудливи квалификации. Важно е да си помогнеме и да извадиме се од нас и од тимот – посочи чеко.

Перез заврши трет во Монца, но поради казната од пет секунди “падна“ на 5та позиција. Во моментов е на 5то место кај возачите и не бил на подиум од Jуни во Франција. 

Знаев дека Монца нема да биде најсилна трка за нас, но штета е што го загубив подиумот поради казната. Русија е различна патека и очекувам силен старт во петок. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема