Перез навестува можно заминување од Ред Бул

Перез се мачи да му парира на Верстапен во Ред Бул од моментот кога станаа тимски колеги.

Серхио Перез сугерира дека почнува да размислува за животот по Ред Бул, со тоа што неговиот договор завршува на крајот од сезоната во 2024 година.

Перез моментално е во својата трета сезона во Ред Бул, но беше надминат во поголем дел од тимскиот колега Макс Верстапен за време на нивниот заеднички ангажман, освојувајќи пет победи во споредба со 37те на Верстапен до Италијанското ГП во 2023 година.

На почетокот на оваа година, беа покренати прашања за иднината на Перез и дали е можно Мексиканецот да биде заменет на крајот од актуелната кампања.

Шпекулациите се зголемија во услови на лоша форма на 33 годишниот возач, кој не успеа да стигне до последниот сегмент од квалификациите во пет последователни наврати помеѓу Монако и Британија, а Даниел Рикардо се смета за можна замена за 2025 година.

Сепак, тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, неодамна повтори дека Перез, во најмала рака, ќе го заврши својот договор со тимот.

Зборувајќи за DAZN España, Перез изјави дека ќе седне со тимот од Милтон Кинс следната година за да разговара за неговата иднина, но призна дека иднината може да биде подалеку од Ред Бул.

Секоја година учите нови работи и затоа ми се допаѓа овој спорт толку многу – рече Перез.

Постојано учите работи. Мислам дека најважно е да научите од вашите грешки.

Со сезоната што ја имавме, важно е следните трки да се одржат во средина каде што чувствувам дека можам да придонесам.

И ако тоа место за 2025 година не е достапно, ќе мора да барам други алтернативи.

Но, во моментов, мојот главен фокус е да бидам тука, да победувам на повеќе трки, да продолжам да освојувам шампионски титули со Ред Бул.

Имам договор до следната година и во одреден момент следната година ќе седнеме и ќе разговараме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ